Денеска (10.04.2024) бил лишен од слобода С.С.(33) од Скопје поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом со судска наредба, на подрачјето на општина Аеродром, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Полициската станица Аеродром била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.