Хроника СВР Битола

Приведен дилер во Битола, осуден на казна затвор од три години

Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

Приведен дилер во Битола, осуден на казна затвор од три години

На 28.12.2023 во 22:15 часот на ул.„Шералти” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У.К.(36) од с.Граешница, битолско.

Тој бил осуден на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Битола за доиздржување на една година и седум месеци од казната.

Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.

To top