На подрачјето на Kарпош вчера во 14.45 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.К.(39) од Скопје, соопштија денеска од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана. Во соопштението се наведува дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.