Полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, вчера попладне на улицата „168“ го привеле Ф.С.(35) од Тетово, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.
-Ф.С. бил осуден на шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и 396 од КЗ, а за доиздржување имал една година, 10 месеци и 6 дена, информира МВР.
Тој бил спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на казната.