Хроника СВР Охрид

Приведен 66-годишен охриѓанец, еве што најде полицијата во неговиот дом

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба,полициските службеници пронајдоа и одзедоа темнокафеава течност со волумен од 950 милилитри во која е утврдено присуство на тетрахидроканабинол, психоактивна компонента што ја содржи растението канабис.

Приведен 66-годишен охриѓанец, еве што најде полицијата во неговиот дом

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.С.(66) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа темнокафеава течност со волумен од 950 милилитри во која е утврдено присуство на тетрахидроканабинол, психоактивна компонента што ја содржи растението канабис.

Најнови вести од Хроника

To top