Хроника ОВР Прилеп

Притвор за тројца прилепчани кои претепале сограѓанин

Тие се сомничат дека на 05.04.2024 околу 19 часот во близина на Градскиот часовник во Прилеп физички го нападнале С.Ч.(54) од Прилеп и му нанеле тешки телесни повреди.

Притвор за тројца прилепчани кои претепале сограѓанин

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.М.(21), О.И.(26) и А.А.(34), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „насилство“ по член 386 и „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

Тие се сомничат дека на 05.04.2024 околу 19 часот во близина на Градскиот часовник во Прилеп физички го нападнале С.Ч.(54) од Прилеп и му нанеле тешки телесни повреди.

По преземени мерки, набргу биле лишени од слобода и против нив е поднесена пријавата, а судија на претходна постапка им определи мерка притвор.

To top