СВР Скопје го расчисти случајот со обид за силување во Кисела Вода, одредена е мерка притвор.
Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни деликти при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка за кривично дело „полов напад и силување “ предвидено и казниво по член 186 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ против С.Г. (31) од Скопје затоа што на 05.09.2024 околу полноќ на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30 – годишна жена од Скопје, велат од МВР.
С.Г. е лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Претходно се огласи и Обвинителството.
-На 5 септември, осомничениот 31-годишник нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на нејзината јасно изразена волја, со умисла се обидел да изврши полови дејствија врз неа. Жртвата се движела пеш кон нејзиниот дом и откако го поминала пешачкиот премин на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на општината Кисела Бода, осомничениот ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица. Ја турнал и се обидел полово да ја нападне. Жената цело време викала, барала помош и се обидувала да се ослободи, а кога започнале да се собираат луѓе осомничениот ја пуштил без да ја реализира намерата, информираат од Обвинителството.