Во периодот од 04 до 06.07.2024, по претходно преземени оперативни мерки и активности од страна на МВР, поточно Оддел за гранични работи и миграции – Мобилна единица за компензаторски мерки и Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со Царинската управа и со користење на службено куче, во царински склад во Скопје извршен е детален преглед на три товарни моторни возила со скопски регистарски ознаки, сопственост на две правни лице од Скопје и од с. Студеничани, скопско, соопштија од МВР.
При прегледот во нив се пронајдени и одземени 3.700 парчиња разновидна брендирана трговска стока без неопходната документација, во вредност од 40.000 евра, поради што постои сомневање дека со возилата се врши нелегален превоз на стока која повредува право на интелектуална сопственост. Одземената стока е предадена на Царинската управа и се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот, истакнаа од МВР.