Хроника ДРАМА ВО КИЧЕВО

При контрола сопрен возач, па избегал и на крај успсен бидејќи немал дзвола и пиел

При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници на улицата „11 Септември“, сопреле патнички автомобил „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки и откако му биле побарани возачки документи, тој го стартувал возилото и избегал од местото, соопшти МВР.

При контрола сопрен возач, па избегал и на крај успсен бидејќи немал дзвола и пиел

На 12.03.2026 во 18:40 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишија С.С..(36) од кичевското село Горно Добреноец.

При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници на улицата „11 Септември“, сопреле патнички автомобил „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки и откако му биле побарани возачки документи, тој го стартувал возилото и избегал од местото, соопшти МВР.

По кратко време, на улицата „Гоце Делчев“ , бил повторно сопрен и било констатирано дека тој, немал положено возачки испит и нема право на управување моторно возило, а при извршено алкотестирање, биле констатирани 0,11 промили алкохол во крвта. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top