Хроника МВР

Претреси во Скопје: Пронајдени оружје и муниција, две лица во притвор (ФОТО)

Судија на претходна постапка на двајцата им одреди по 30 дена притвор.

Претреси во Скопје: Пронајдени оружје и муниција, две лица во притвор (ФОТО)

На 17.10.2024 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршени се претреси на две локации во Скопје.

При претрес во дом на А.М во Скопје пронајдени се пет куршуми. При претрес на дом кај Г. М. во Скопје пронајдени се 409 куршуми, една автоматска пушка со две рамки за истата, еден револвер, три пиштоли и една ловна пушка.

По завршување на претресите лицата се лишени од слобода, а по комплетирање на целокупната документација СВР Скопје- ЕНТ поднесе кривична пријава до ОЈО.

Судија на претходна постапка на двајцата им одреди по 30 дена притвор.

To top