Хроника мвр

Претреси во дојранско, пронајдени околу два килограми марихуана и пушки (ФОТО)

СВР Струмица – ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Г.Ј.(51) од село Црничани, општина Дојран, поради сомнение дека сторил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

На 13.12.2024, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија во координација со полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Дојран, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси на две локации, во домот на пријавениот во село Црничани и на место викано „Гатар“, атар на село Црничани. При претресите биле пронајдени и одземени 24 тегли со марихуана, четири хартиени омоти со марихуана, две стебла од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана, две ловечки и една малокалибарска пушка.

МВР

Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Гевгелија, по што бил изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

To top