Хроника МВР

Претреси во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, потврдија од СВР Битола.

Претреси во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица

Утрово во 02:00 часот на улицата Партизанска во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р.(18) од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја.

Од СВР Битола информираат дека со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.

Службеници на СВР Битола спроведоа акција и на улицата „Илинденска“ во Битола и го лишија од слобода О.Н.(40) од Битола. При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, потврдија од СВР Битола.

Поврзани теми

To top