На 26.12.2023 во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода 30-годишната М.А. и П.Т.(34), двајцата од Велес.
При претрес во домот на М.А., каде бил затекнат П.Т., извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со темно кафеава течност, додека при личен преглед кај М.А. била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.