Полициски службеници од СВР Тетово денеска го лишиле од слобода Х.Х.(33) од тетовски Порој.
Имено, во периодот од 07.30 до 08.30 часот, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Х.Х., при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хашиш. Х.Х. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.