Хроника Ќе следува соодветен поднесок

Претрес во Тетово: Го барале за издржување на затворска казна, па дома му најдоа хероин

При претресот, во просториите кои ги користел А.Е., а кој во моментот бил отсутен, пронајден е и од неговата 38-годишна сопруга одземен е хероин, како и предмети со остатоци од хероин.

Претрес во Тетово: Го барале за издржување на затворска казна, па дома му најдоа хероин

Полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, вчера (22.11.2023) извршиле претрес во домот и помошни простории на 47-годишниот тетовец А.Е., кој се барал за издржување на затворска казна.

При претресот, во просториите кои ги користел А.Е., а кој во моментот бил отсутен, пронајден е и од неговата 38-годишна сопруга одземен е хероин, како и предмети со остатоци од хероин.

По комплетно документирање на случајот против А.Е. ќе следува соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

 

 

To top