Денеска (22.12.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршен е претрес во дом и други простории кај Е.Ј.(41) од с.Семениште, скопско.
При претресот пронајдени се автоматска пушка, два пиштола, една рамка за пиштол, две рамки за автоматска пушка и 71 куршуми.
Од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција Е.Ј. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.