На 13.11.2024 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(23) од с.Батинци, скопско.
При претрес во домот на Ј.Т.(38) од Скопје, извршен со судска наредба, каде бил затекнат пријавениот А.Р., како и во неговото патничко возило, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги, куршуми и други предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.