Вчера во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода С.Н.(49) од Скопје.
-При извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.
По насоки од јавен обвинител, С.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.