На 15.03.2024 во 20.15 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.К.(47) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.