На 18.05.2025 во 08:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Е.А.(31) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.