Вчера во Кичево, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Т.(29) од Кичево, соопшти МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа кеса со марихуана, пари и други предмети.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.