На 13.09.2024 во 01.30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е Д.М.(40) од Кичево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа повеќе опаковки со бела грутчеста материја и дигитални ваги.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.