На 25.10.2024 во 17 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.Х.(49) од Тетово, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, бил пронајден хероин.
И.Х. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.