На 16.09.2024 во 20.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.И.(41) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела и кафеава прашкаста материја и дигитална вага.
Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.