Едно лице го загуби животот, а друго е повредено во тешката сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Од МВР информираат дека во несреќата, како последница од здобиените повреди, животот го загубил 65 годишниот скопјанец В.П..
Во несреќата учествувале автомобил „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.П.(65) од Скопје и автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ж.С.(57) од село Кучевиште, скопско.
-На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.