Едно лице го загуби животот во пожар кој утринава се случил во стан на 6-ти кат во зграда на улицата „Пандил Шишков“ во Скопје.
Од МВР велат дека пријава за пожар добиле утринава околу 06:40 часот.
-Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76), информира МВР за Курир.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со 6 противпожарни возила. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.