На 20.03.2026 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека настанал пожар на ул.„Дебарца” во Прилеп, при што зафатени биле куќа и помошна просторија, сопственост на Д.Р. од Прилеп.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, при што пожарникарот З.Г. (53) од с.Крушеани, прилепско, бил повреден од струен удар и бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување на помош.
Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.