Хроника нема повредени

Пожар во зграда во Струмица, станарите евакуирани

Пожар во зграда во Струмица, станарите евакуирани

На 12.04.2025 година во 21.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар на покрив од станбена зграда лоцирана на улицата „Никола Тесла“ во Струмица.

-Станарите биле безбедно евакуирани, пожарот бил изгаснат и повредени лица нема, информира МВР.

Увид на местото на настанот во текот на денот ќе извршат инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.

To top