На 05.02.2024 во СВР Скопје било пријавено дека на 03.02.2024 околу 03:00 часот била опожарена помошна просторија, сопственост на општина Шуто Оризари во Скопје во која имало разни предмети.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.