Хроника

Пожар во куќа во Велес

Пожар во куќа во Велес

Велешките пожарникари попладнево добиле повик за запалена куќа на ул. Титова Ужичка бр. 10, под Којник.

-Нашиот тим излезе на лице место со 2 противпожарни возила и 6 пожарникари-спасители. По пристигнувањето, пожарот беше затекнат во развиена фаза и зафатена беше кровната конструкција. Поради сериозноста на ситуацијата, побарана беше дополнителна екипа со 1 возило и 2 пожарникари-спасители, информираат од ТППЕ Велес.

Од таму додаваат дека пожарот бил брзо ставен под контрола и целосно изгаснат, а во истиот нема повредени пожарникари ниту цивили.

Најнови вести од Хроника

To top