На 09.12.2023 година во 04.45 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на Т.Ј.(79) од Кичево, настанал пожар.
-При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата, соопшти СВР Охрид.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево.