На 11.06.2024 во 17.30 часот СВР Тетово било пријавено дека околу 13.25 часот во кругот на основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово, електричен тротинет удрил во малолетник и го напуштил местото.
Малолетникот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.