Тројца пожарникари завршиле во болница при вчерашните интервенции за гаснење на пожарите кои беснеат во Македонија.
МВР информира дека вчера во 13.45 часот од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен А.Ѓ.(38) од Штип – пожарникар од Територијалната противпожарна единица Штип.
Според пријавеното, тој вдишал чад при гаснење на пожар во штипско.
Вечерта во 22.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека при гаснење на пожар во с.Орел, светиниколско, се превртело возило на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, при што двајца пожарникари се здобиле со повреди.
Од Итна медицинска помош им била укажана помош, по биле пренесени во болницата во Кавадарци.