Вчера во 22:20 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на некатегоризиран пат во Радовиш, Т.Ј.(19) од Радовиш, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил и 14-годишен сопатник на мопедот, констатирани во Медицински центар Штип, се наведува во денешниот билтен на МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.