Хроника несреќа

Повреден велосипедист, лим од градилиште му паднал врз глава

Полицијата објави детали за инцидентот кој се случи утрово на пешачка патека во Скопје.

Повреден велосипедист, лим од градилиште му паднал врз глава

Полицијата објави детали за инцидентот кој се случи утрово на пешачка патека во Скопје.

– На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на ул. “Даме Груев” во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште. С.П. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош, потврдија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според сведочења на граѓани, лимената конструкција се одвоила поради силниот ветер.

Најнови вести од Хроника

To top