На 01.10.2025 во 23:10 часот во СВР Скопје, М.С.(20) од Скопје пријави дека околу 22:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице, при што се здобил со повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.