Хроника Гореа контејнери

Поради невнимание: Пожар во ГТЦ, пожарникарите експресно реагираа

-Пријавата беше непрецизна од граѓанин што видел, затоа што не знаевме за што станува збор испративме повеќе возила,  бидејќи станува збор за прометен објект, изјави Томески.

Поради невнимание: Пожар во ГТЦ, пожарникарите експресно реагираа

Поради невнимание во Градскиот трговски центар во Скопје околу 18 часот се запалиле контејнери, а по интервенција на пожарникарите, пожарот е ставен под контрола.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, за МИА информира, дека повредени нема, а на терен биле испратени четири противпожарни возила, бидејќи пријавата била непрецизна.

– Пријавата беше непрецизна од граѓанин што видел, затоа што не знаевме за што станува збор испративме повеќе возила,  бидејќи станува збор за прометен објект, изјави Томески.

Најнови вести од Хроника

To top