Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.В.(32) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“ и против Д.Т.(29) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.
На 13.12.2023, пред домот на второпријавениот било затекнато едно лице и кај него бил пронајден и одземен хероин. Истиот ден бил извршен претрес во домот на второпријавениот, каде што биле затекнати пријавениот и уште едно лице, на кои им овозможил да користат хероин.
Исто така, при преглед на првопријавениот бил пронајден и одземен хероин.