Хроника ПС ОН Тетово

Полициски службеник се здоби со кривична пријава за оддавање на службена тајна

Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино, додаваат од МВР.

Полициски службеник се здоби со кривична пријава за оддавање на службена тајна

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во ПС ОН Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од СВР Тетово, УЈП, ДПИ и ДИТ, потенцираат од МВР.

Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино, додаваат од МВР.

Најнови вести од Хроника

To top