Хроника го нема ни во домот

Полицијата трага по 86 годишен скопјанец: Се договорил со пријател (75) од Велес дека ќе дојде, но не стигнал кај него

Полицијата трага по 86 годишен скопјанец: Се договорил со пријател (75) од Велес дека ќе дојде, но не стигнал кај него

Во Полициската станица Велес, вчера околу 17 часот М.Д.(75) од Велес пријавил дека неговиот пријател Н.С.(86) од Скопје, со кого се договориле да се сретнат во Велес, не стигнал кај него, информира МВР.

Според пријавеното, тој не бил најден ни во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје.

Од полицијата посочуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

To top