На 23.10.2023 во 22.20 часот во село Габревци, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода И.А.(32) од село Габревци. Тој се сомничи дека истиот ден извршил тешка кражба во помошен објект во село Скоруша, општина Конче, сопственост на М.А.(50) од с.Лубница. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а И.А. бил задржан во Полициска станица Радовиш и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.10.2024 во 22.45 часот во Скопје, на патот за Теферич, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Е.И.(23) од Скопје, затоа што кај него билe пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2024 во 16.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(21) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2024 во 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Г.К.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2024 во 20.15 часот во с.Ново Село, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода С.Н.(37) од с.Ново Село затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода К.С.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2024 во 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Т.М.(50) од село Пепелиште, неготинско. На пат во атар на село Пештерница, неготинско, полициски службеници извршиле контрола на трактор „имт“ со приколка, управуван од Т.М., при што било утврдено дека превезува опожарени огревни дрва без документација. Лицето било приведено во полициска станица, предметите биле одземени, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.10.2024 во 21.20 часот на ул.„Григор Прличев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ј.Н.(29) од с.Мусинци и Е.Б.(22) од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Ј.Н. била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 23.10.2024 во 19.00 часот на ул.„Гоце Делчев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Б.(45), С.А.(38) и Н.Ш.(29), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај А.Б. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.