Денеска (25.08.2024) во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(35) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (25.08.2024) во 00.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Е.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 24.08.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.М.(47) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во периодот од 22.25 часот на 24.08.2024 до 01.30 часот на 25.08.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Ј.А.(40) од Лозово, А.Т.(32) од Штип, Т.М. (32) од Скопје и Х.П.(37) од Скопје. При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени кафена прашкаста материја и зелена тревкаста материја. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.