На 28.05.2024 во 02.20 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го приведоа А.А.(23) од Кичево. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ и „кражба“. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.
На 29.05.2024 во 01.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.С.(22) од Битола. Тој се сомничи дека на 28.05.2024 околу 20.30 часот во продажен објект на ул.„Апостол Здравески”, со употреба на сила, од вработената В.Б.(45) од Битола одзел пари од дневниот промет. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.05.2024 во 15.45 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Л.(34) од Скопје, затоа што при извршена проверка во оперативната евиденција било констатирано дека бил баран од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во СВР Куманово, по што бил спроведен во Казнено – поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.
На 28.05.2024 во 16.30 часот на улица „Саво Тасевски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.А.(19), Б.Е.(19) и М.М(19), сите од тетовско Синичане, затоа штo кај нив е пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.