Хроника Познати СВР Охрид

Полицијата откри детали по приведувањето на Раста во Охрид

Кај него, при извршен преглед, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.

Полицијата откри детали по приведувањето на Раста во Охрид

На 03.08.2025 година во 00:10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С.Ѓ.(36) од Белград, Република Србија.

Станува збор за славниот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста, кој беше приведен пред да настапи на концерт.

-Кај него, при извршен преглед, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

Најнови вести од Хроника Познати

To top