Хроника СВР Скопје

Полицајци нападнати во Ќерамидница, оштетено службено возило – МВР со детали за настанот

Г.К. ги нападнал и полициските службеници кои дошле на местото на настанот и го оштетил службеното возило, по што од страна на полициските службеници е лишен од слобода.

Полицајци нападнати во Ќерамидница, оштетено службено возило – МВР со детали за настанот

На 15.02.2025 во 20:40 часот во СВР Скопје А.Д.(23) од Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје бил физички нападнат од Г.К.(28) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

Потоа, Г.К. ги нападнал и полициските службеници кои дошле на местото на настанот и го оштетил службеното возило, по што од страна на полициските службеници е лишен од слобода.

При тоа, и А.М. физички ги нападнал полициските службеници, по што се дал во бегство.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Најнови вести од Хроника

To top