Хроника МВР Билтен

Полицајци нападнати од агресивни граѓани во Скопје, Берово и Ресен, насилниците се приведени

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Полицајци нападнати од агресивни граѓани во Скопје, Берово и Ресен, насилниците се приведени

На 05.05.2024 во 16:20 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го привеле Ѓ.С.(49) од Берово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2024 во 04:10 часот на Градскиот плоштад во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода М.И.(33) од Ресен затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.05.2024 во 14:35 часот во с.Долна Матка, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.И.(46) од с.Шишево, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.05.2024 во 01:30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје  го привеле Д.А.(19) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

To top