Хроника трагедија

Почина возач- излетал од патот кај струмичко Ново Село

Почина возач- излетал од патот кај струмичко Ново Село

Денеска (05.12.2024) во 01.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4, делница од село Ново Село кон село Секирник, струмичко, патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(37) од с.Зубово, струмичко, излетало од патот и се превртело.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

To top