Хроника

Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга- еве ги деталите

Почина маж по пад од дрво, приведена неговата невенчана сопруга- еве ги деталите

На 06.10.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени.

Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата.

Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

To top