На 14.10.2025 во 20:45 часот во охридското село Лескоец, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа И.А.(34) од село Косел и Б.Д.(46) од селото Долно Лакочереј затоа што претходно, пред продажен објект во селото го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид, кај И.А. констатирале 2,30, додека кај Б.Д.2,46 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.