Хроника

Пијан возач прегазил 13 годишно девојче и избегал: Малолетничката со тешки повреди пренесена во болница, тој фатен од полицијата и во станица

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Пијан возач прегазил 13 годишно девојче и избегал: Малолетничката со тешки повреди пренесена во болница, тој фатен од полицијата и во станица

Денеска во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Г.А.(51) од Македонска Каменица.

-Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош. По преземени мерки Г.А. бил пронајден, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода, информира МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од Хроника

To top